Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.347 тестирања, а регистрирани се 657 нови случаи од кои во Битола се 36 нови позитивни на корона вирус.
Во Битола досега има 2.766 кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 826 случаи.
Направени теста се преку ЦЈЗ Битола се 37.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 920 оздравени пациенти од кои во Битола се 36.
Починати се 31 лице во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 76251, бројката на оздравени пациенти е 52413, на починати е 2225, а бројот на активни случаи изнесува 21613.






