Press "Enter" to skip to content

В понеделник јавната расправа за проектот за изградба на нова градинка во Битола

В понеделник, 21. декември 2020 година, во 12:00 часот Ве покануваме да ја проследите Јавната расправа за проектот за изградба на нова градинка во Битола.

На расправата ќе може да се вклучите преку платформата ЗООМ (ZOOM), на следниот линк – https://us02web.zoom.us/j/84208855420?pwd=MVRTK2Q3b1NET2ZyMnU5aEl5UjVUdz09.

Јавната расправа е во организација на Министерството за труд и социјална политика и Општина Битола. Целта на Јавната расправа е граѓаните и засегнатите страни да се информираат за деталите, но и да дадат свој придонес за унапредување на квалитетот на проектот.

На настанот ќе биде презентиран и документот од јавен интерес – „Првична ограничена оцена за влијание врз животна средина и социјални аспекти” од изградбата на новата градинка во Битола.

Изградбата на новата градинка во Битола е активност во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ) на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) поддржан од Светска Банка, чија цел е и проширување на пристапот и подобрување на квалитетот во системот за згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.

More from ВестиMore posts in Вести »