Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.827 тестирања, а регистрирани се 883 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 36 лица кои нови позитивни на ковид-19.
Битола досега се 2.797 позитивни на ковид-19, а активни има 815 случаи.
Во ЦЈЗ Битола направени се 55 тестови на ковид-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 536 оздравени пациенти од кои во Битола се 40.
Во болнички услови починати се 29 лица од кои двајца пациенти од Битола на 64 и 65 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 77134, бројката на оздравени пациенти е 52.949, на починати е 2.254, а бројот на активни случаи изнесува 21.931.






