Press "Enter" to skip to content

САМОДОВЕРБА, проект за поттикнување на позитивна енергија и квалитетно ментално здравје

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје ќе реализира серија на статии кои ќе ги објавува “Bitolanews“ – Битола,  со кои веруваме дека заеднички позитивно ќе влијаеме во креирање на подобра самодоверба кај населението во РС Македонија.

ПОСТАВЕТЕ СИ ПРЕДИЗВИК

Кога се работи за личната самодоверба понекогаш може да биде тешко да се најде мотивација за поставување цели за себе. Особено ако се чувствуваме несигурно во себе, а воедно и се грижиме што некој друг ќе каже за нас.

Тоа воопшто не мора да бидат големи цели.

Да се научиме да создадеме можност и услови за реализација на мали цели.

Во овие услови на глобална пандемија и Ковид-19 криза во кои сите претстојниов период ќе го поминеме во удобноста на сопствениот дом, можеме да си оствариме мали цели. Да имаме ново хоби е исто така предизвик или да работиме нешто што сме сакале отсекогаш, а сме немале време за истото. Сега е вистинскиот момент. Пример секој ден да потрошиме по еден час посветувајќи се на учење на некој странски јазик. На некого можеби ќе му биде предизвик да почне и да готви, да проба некој нов рецепт. Секој според желбите и можностите. Најдете нешто што сакате да го правите и направете и повеќе од тоа.

СОВЕТ

Овие фактори ќе придонесат да се чувствувате попозитивни за себе.СЕКОГАШ ФОКУСИРАЈТЕ СЕ НА МИКРО-ПОБЕДИ!

Мене барем така ме учеа и верувајте дека од лично искуство тоа дефинитивно помага. Создадете услови за да имате неколку микро победи секој божји ден. Тоа ќе ја зацврсти вашата самодоверба.

Личната самодоверба ја градиме самите ние исто како куќа ставаме темели, градиме цигла по цигла. Создаваме своја куќа која потоа ја дотеруваме онака како што ние мислиме дека треба. Изборот е секогаш наш, личен сопствен. Малите нешта кои ги претвараме во лични микро-победи на дневно ниво ќе ни бидат потоа еден вид на отскочна даска понатаму во животот за многу поголеми нешта. Секогаш е потребно да бидеме горди на нив!

СОВЕТ

Ве молам секогаш имајте на ум дека никој од нас не мора да биде совршен и дека секој треба да ужива во себе си.

Доколку имате потреба од контакти со луѓе и конекции секогаш можете да не контактирате  и да ни пишете. Ќе се погрижиме да бидете дел од нашата заедница. Ова ќе биде одличен начин да се запознаете со кои имате нешто заедничко.ФОКУСИРАЈТЕ СЕ НА ВАШИТЕ ПОЗИТИВИ

Ние луѓето по автоматизам секогаш почнуваме да мислиме дека не сме добри во нешто. Фокусот скогаш е потребно да го имаме кон себе. Доколку немаме фокус на себе секогаш самите ќе се спречуваме да ги правиме сите оние нешта што ги уживаме. Ќе имаме кочници да пробаме нови работи, а тоа ќе не натера да се чувствуваме лошо за себе. Повторно ќе речам дека фокусот на микро-победи е важен.

Секој еден мал успех, колку и да ви се чини дека е мал потребно е да си го прославиме без да се потценуваме дека тоа не е е ништо, бидејќи факт е дека она што го правиме е микро добро. Некогаш некој ќе ни даде комплимент и тоа е супер, треба да го прифатиме и да се заблагодариме. Некогаш е добро и да си запишеме дека некој за нешто не пофалил. Така ќе имаме можност и да се потсетиме на истиот тој комплимент во ситуации во кои ќе се сомневаме во себе, а тој мал комплимент ќе ни биде дополнително гориво за нашата самодоверба.

Секогаш е добро дури и да си направиме листа, кои работи ги сакаме кај себе, што ни се допаѓа кај нас самите. И ова е еден мал вид на поттик за лична самодоверба. Тука можете да ги вклучите аспекти на вашата личност, вашиот изглед и она што ви се допаѓа. Можете дури и да си ја прашате најдобрата пријателка или некој од семејството што им се допаѓа
кај вас.СОВЕТ

Фокусот на себе е навистина битен и корисен како таков кога се работи за креирање на лична самодоверба. Имањето на позитивен став кон себе си ќе ни помогне да ја подобриме самодовербата.

За сите консултации, on-line предавања на оваа но и други теми можете да не контактирате на: info@euinstitute.eu или да го посетите нашиот веб сајт:

 www.euinstitute.eu

©Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван
во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без
писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.

Пријава на директен линк:

https://www.cognitoforms.com/EUInstitute2/ПРИНЦИПИНАЖЕНСКАИМАШКАДЕЛОВНОСТ

Пријава на директен линк:
https://www.cognitoforms.com/EUInstitute2/НЕВЕРБАЛНАКОМУНИКАЦИЈАВоБИЗНИСОТ