Еурофарм Пелистер 2 – Металург 27:26 (13:14)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ му го нанесоа првиот пораз на скопски Металург, во групата “Б“ на Суперлигата, со голот на Стефан Дрогришки во последната минута, со резултат 27:26, полувреме 13:14.
Со оваа победа втората екипа од Битола, на Еурофарм Пелистер се наоѓа на чекор до пласман во плеј-офот, на два натпревари до крајот на регуларниот дел на шампионатот.
Гостите одлично отворија во Битола и по шест минути резултатот беше 1:6 за Металург, по што Еурофарм Пелистер 2 започна да функционира многу подобро. Ивановски застана на голот , Стефан Талевски постигна четири гола во првиот дел и се “врати“ во натпреварот. На пет минути до одморот беше 12:12, а Металург на одмор замина со предност +1 (13:14).
Битолчани почнаа подобро во вториот дел и во 38. минута Еурофарм Пелистер 2 израмни на 19:19, а потоа следуваше серија од 5:1 (22:20). Следеше игра гол за гол и со минимална предност домаќинот влезе во последните десет минути во натпреварот. Дрогришки погоди во последниот напад за 27:26.
Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер 2 беа Стефан Талевски и Стефан Дрогришки со по седум гола.
Бутел во вторник е следниот противник на ракометарите на Еурофарм Пелистер 2.






