Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.664 тестирања, а регистрирани се 815 нови случаи на Ковид-19 од кои во Битола се 52.
Во Битола до сега има 2. 849 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 829 случаи, а денес во ЦЈЗ Битола има направено 66 ковид-19 тестови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 396 оздравени пациенти, а од Битола се 37.
Починати се 20 лица, еден од Битола на 84 години во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 77949, бројката на оздравени пациенти е 53345, на починати е 2274, а бројот на активни случаи изнесува 22330.






