Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.387 тестирања, а регистрирани се 357 нови случаи на Ковид-19 од кои во Битола се 18 нови позитивни на корона вирус.
Досега во Битола има 2.866 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 805 случаи. Во ЦЈЗ Битола се направени 74 ковид-19 тестови.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 689 оздравени пациенти од кои во Битола се 39 пациенти.
Починати се 18 лица двајца од Битола на 48 и 78 години во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 78.305, бројката на оздравени пациенти е 54.034, на починати е 2.292, а бројот на активни случаи изнесува 21.979.






