Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 591 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи од кои во Битола е регистриран само еден позитивен на корона вирус.
Во Битола досега има влупно позитивни 2.867 кои се или биле позитивни на ковид-19, а активни се 716 случаи.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.122 оздравени пациенти од кои во Битола се 89 случаи.
Починати се 22 лица, еден од Битола на 58 годишна возраст во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 78434, бројката на оздравени пациенти е 55155, на починати е 2314, а бројот на активни случаи изнесува 20965.






