Новогодишните празници се традиционално време на дарување, а “Стрежево” од Битола одлучи со хуманост да ја испрати 2020 година, во која заради епидемијата на коронавирусот, сфативме дека поддршката кон општеството е најпотребна.
-Денес, со цел да ги развеселиме и стоплиме срцата на децата со аутизам, во овие студени зимски денови, им доделивме финансиски средства и новогодишни подароци. Ваквиот настан е во насока на заложбите на претпријатието да се демонстрира хуманост, социјална инклузија на сите членови на општеството, но и да се посвети внимание на оние на кои им е потребна топлина, разбирање и поголемo внимание во пресрет на престојните празници”, изјави директорот ЈП “Стрежево“ – Битола, Менде Граматковски.
-Средства се обезбедени од сопствени ресурси, преку пренамена на предвидените средства за рекламен новогодишен материјал, а со цел да придонесеме дечињата да почуствуваат дел од празничната магија на Новогодишните и Божиќните празници. Апелираме сите институции да го следат нашиот пример, бидејќи секое дете заслужува насмевка во магичните празнични денови, додава Граматковски.

“Стрежево“ – Битола нема да купува новогодишни календари и нотеси, средствата ќе ги донира на деца со аутизам
More from ВестиMore posts in Вести »
- Групата “Мартеница“ во Битола ја донесе музиката што ги поврзува Балканот и Ориентот на 18. Фестивал на музика од светот (фотогалерија)
- Претседателката на Македонија – Силјановска Давкова во Битола на настанот „Гласот на младите-еднакви можности и иднина без насилство“ (фото)
- Во Битола ракомет “како личи“ за дерби, Еурофарм Пелистер го победи Охрид, 11 гола на Кузмановски (фотогалерија)
- Отворена мултисензорната изложба на НУ „Завод и музеј“ Битола – “Допир“ (фото)
- Мицкоски на средба со раководството на РЕК “Битола“ и АД ЕСМ





