Press "Enter" to skip to content

УКЛО Битола организира вебинар на тема “Ментално здравје на студентите за време на COVID – 19“

Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола ќе организира вебинар на тема „Ментално здравје на студентите за време на COVID – 19“ кој ќе се одржи на 23 декември 2010 со почеток во 18 часот. Тема е ментално здравје на студентите за време на пандемијата.

Настанот е во организација на УКЛО – Битола, во соработка со Факултетот за безбедност- Скопје, Високата медицинска школа-Битола, активност поддржана од Национална платформа на Комората на психолози.

Онлајн вебинарот ќе го водат професорите: Драгана Батиќ, психолог- психотерапевт и Гордана Ристевска-Димитровска, психијатар.