Press "Enter" to skip to content

“БОДИ М“ во Битола ја донесе револуцијата на полето на антицелулит масажите

Станува збор за VACUSLIM INARIE, нова техника која користи наменски обликуван елемент направен од комбинација на пониклуван челик и бакар. А терапевтите кои тоа го работат во “БОДИ М“ во Битола, поминаа низ специјален тренинг. Деновиве ги посетивме.

Која е главната цел на оваа револуционерна масажа ја запрашавме Марија Каревска која го предводи тимот на терапевти во овој наш водечки битолски центар за убавина?

-Имаме полесен пристап до местата кои тешко се преобликуваат. Ние терапевтите тоа посебно добро го знаеме, дека едноставно има делови на телото кај кои потешко оди напредувањето, а клиентите очекуваат резултати поеднанкво. Овој третман од тој аспект е навистина откритие. Постигнуваме и долготрајни и брзи корекции на облините зафатени со масни наслаги и целулит, што е цел на секоја наша услуга. Клиентите кои го пробаа се воодушевени. За многу пократко време добиваат брзи и видливи резултати. И што е најважно ова е сосем природна и безбедна процедура.

Кои се главните бенефити од VACUSLIM INARIE?

-Има повеќе, но ќе ги споменам најважните. Се постигнува силна лимфна дренажа, се елиминира целулитот и масните наслаги на многу брз и ефективен начин, се прави фантастичен лифтинг на кожата која видливо се зацврстува и затегнува, се дефинира фигурата, се прави ремоделирање на несразмерните регии, едноставно се ваја телото, како кога вајарот прави совршена скулптура. И тоа на деловите кои се најважни за естетски изглед на клиентот, а тоа се струкот, стомачната регија, надлактиците, таканаречените јавачки пантолони, а се прави подигнување на задната регија.И ова не е само една процедура, туку со оваа иновативна направа има повеќе опции кои како третмани ги нудите?

Да, освен корекција на фигурата и антицелулитните масажи, има и лифтинг масажи, има и фитнес масажа која го подготвува телото на спортски активните клиенти пред тренинг кое е посебно ефикасно нешто, има и масажа за поместување на ткивата. Едноставно револуција на полето на масажите. да дополнам дека VACUSLIM INARIE е третман кој одлично се вклопува со мадеротерапијата и класичните масажи.

Сите ги интересираат резултатите, кажете ни колку третмани се потребни за резултати?

-Тука слободно можеме да зборуваме за видвливи резултати уште на првиот третман. Клиентот чувствува едно големо олеснување, полетност од оваа интензивна лимфна дренажа. И затегнувањето и пеглањето на кожата се гледа веднаш уште на првиот третман. Вкупниот број на третмани го определува терапевтот, но за постигнување на цели кај личности со поголем проблем на масни наслаги и целулит е потребно помеѓу 6 и 12 третмани. Толку е убаво чувството после третманот, што едноставно едвај чекате до следниот третман. Време е да дојдете во БОДИ М, овде чекорат многу напред во примена на светски нови методи од областа на козметологијата.

More from БитолаMore posts in Битола »