На 21.12.2020 во 21.20 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 32 годишник од Битола затоа што при преглед во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три пакувања со амфетамин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Исто така на 21.12.2020 во 19.50 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 38 годишник од Битола затоа што при преглед кај него била пронајдена непозната грутчеста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






