Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 25 позитивни на ковид-19, оздравени 29, починато едно лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.510 тестирања, а регистрирани се 627 нови случаи на ковид-19, во Битола има 25 нови позитивни на корона вирус.

Во ЦЈЗ Битола во последните 24 часа се направени  се 55 ковид-19 тестови.

До сега во Битола 2.913 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 677 случаи.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 644 оздравени пациенти од кои од Битола се 29 пациенти.

Починати се 14 лица, четири пациенти од кои еден од Битола на возраст од 74 години во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79815, бројката на оздравени пациенти е 56743, на починати е 2354, а бројот на активни случаи изнесува 20718.