Press "Enter" to skip to content

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола ја одбележа годишнината од смртта на Даме Груев

Со полагање на цвеќе на бистата на Даме Груев која се наоѓа во дворот на Заводот и Музеј во Битола, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Пеце Милевски, заедно со советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Битола, УМС Битола, ветераните од ВМРО-ДПМНЕ и членови на МПЗ “Тодор Александров“ за одбележаа годишнината од смртта на Даме Груев.За делото и смртта на Даме Груев пред бистата во Битола зборуваше историчарот Ѓорѓи Чекутков, кој рече:-На 23 декември 1906 година во селото Русиново, по пат на предавство е убиен големиот Македонец и македонски револуционер, корифеј и великан Дамјан Груев. Дамјан Груев е главниот иницијатор за формирање на МРО, ТМОРО, ВМОРО, ВМРО и водач на Главниот Востанички штаб на Илинденското востание 1903 година. Дамјан Груев е еден од најдоследните Македонци во борбата за национална слобода на македонскиот народ и борец за Независна Македонија.