Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Живко Божиновски, екс директор на битолска пивара

Денес во Битола на 88 годишна возраст почина Живко Божиновски, основач и поранешен директор на Битолската пивара. Божиновски беше на чело на Пиварата 10 години, а во негово време се бележи најголемиот подем на пиварата, кога ги постигна најголемите успеси, а битолското пиво се продаваше во Белград, Софија и другите градови на Балканот.

Живко Божиновски е роден 23 септември 1932 година во село Мало Црско, Кицевско. Од својата 9 та година се образува во Битола каде завршува средно економско ичилиште и како истакнат ученик продолжува со школовањето на економски факултет во Скопје.

Како успешен и докажан директор својата работна кариера ја продолжува во “Континентал“ – Битола, каде беше претставник во Софија 4 години.

Доживеа длабока старост на 88 години, а ќе остане запаметан по многуте работни успеси и како човек почитуван од сите.

Погребот ќе биде утре во 14 часот на гробиштата во црквата “Св. Недела“, а посмртните останки ќе бидат излоќени од 12 до 14 часот.