-Највисок остварен годишен бруто доход лани имал граѓанин од Битола, кој успеал да заработи дури 3,4 милиони евра. По него следува граѓанка од Скопје која имала годишен бруто доход за ланската година од 2,8 милиони евра, ова се податоците кои УЈП ги објави од обработените годишни даночни пријави за 2019 година, соошти денес на прес-конференција, директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
Највисоката исплатена дивиденда е во износ од 210.411.765,00 денари и исплатена е на граѓанин на Битола кој е сопственик на бизнис кој припаѓа на дејностите во градежништвото.
А највисоката плата лани, за разлика од други претходни дејности, не му припаѓа на здравството, туку на металската индустрија. Неа ја зел стружанец, кој лани имал вкупна годишна бруто плата од 1,87 милиони евра или месечно 156 илјади евра бруто плата.
Здравството сепак и лани добро котирало, па на листата на наквисоките плати пак е таа дејност, заедно со аптеките, образованието, канцелариски дејности и производство на горна облека. Највисоко лично примање по друг основ, пак, во 2019 било вкупно годишно 789 илјади евра, за повремено вршење услуги кон градежниот сектор.






