Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: Битола и денес “заробена“ во магла и ниски температури

Денес, четврток, 24 декември, во Битола времето според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде магливо, а на повисоките места сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Температурата во Битола до 8°С.

Утре, петок, 25 декември, во Битола наутро со појава на магла по котлините и ниска облачност. Преку денот облачноста од запад ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 8°С.