На 23.12.2020 во Полициска станица Битола, Љ.Ч. (58) од Битола пријави дека на патот за
село Брусник бил физички нападнат од соселанец од Брусник и неговите синови, со кои
нападнатиот бил во роднинска врска.
На 23.12.2020 во Полициска станица Битола било пријавено дека при изведување на земјоделски работи во нива во атарот на с.Цапари, битолско, била пронајдена стара неексплодирана артилериска граната кал 75 мм и една рачна неексплодирана бомба од
француско производство, кои потекнуваат од Првата светска војна. Истите се безбедно
подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.






