Press "Enter" to skip to content

ЈП “Стрежево“ со нова донација, овој пат за Клиничка болница во Битола

Јавното претпријатие “Стрежево” – Битола продолжува со донации пред новогодишните празници. “Стрежево“ оваа година ги пренамени финансиските средства предвидени за рекламен материјал во донации каде што е најнеопходно. Денес донираа медицинска заштитна опрема и флаширана вода за вработените во Клиничка болница “Д-рТрифун Пановски“ – Битола.-Лекарите и медицинските сестри деноноќно се грижат за пациентите со Ковид 19. Нивниот неуморен напор е извонредно достигнување што заслужува целосно почитување и поддршка. Донацијата се состои од заштитни ракавици, пакети со средства за дезинфекција и флаширана вода, согласно потребите на болницата. Се надеваме дека дополнително ќе придонесеме, во побезбедно и поефективно делување на медицинскиот персонал во Клиничка болница, рече при доделувањето на донацијата, директорот на “Стрежево“, Менде Граматковски, која додаде:-Здравствените работници кои работат во првите редови во борбата против пандемијата се изложени на многу различни ризици во однос на нивното здравје и безбедност. Нивната улога во справувањето со пандемијата е клучна, а секој поединец и колектив треба да даде придонес и поддршка на медицинскиот персонал во борбата со невидливиот непријател.

 
ЈП “Стрежево“ како одговорна компанија за време на кризата со корона вирусот спроведува засилен санитарен протокол низ сите свои оддели за да ги заштити вработените, за да создаде услови за успешно функционирање во услови на новата нормалност.