Press "Enter" to skip to content

Информација за пензионерите кои примаат пензија преку Стопанска Банка а.д. Битола

Сите пензионери кои користат картички од Стопанска банка АД Битола ќе можат да располагаат со пензијата од 28.12.2020 година (понеделник) преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Готовинската исплата на пензиите ќе се спроведе во 4 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 28.12.2020 година (понеделник);

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплата да се изврши на 29.12.2020 година (вторник);

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплата да се изврши на 30.12.2020 година (среда), и

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.12.2020 година (четврток)