Press "Enter" to skip to content

Ракометарите на одмор, на 8 јануари во Битола, базни подготовки во Пореч, Хрватска

Со завршувањето на натпреварот од првото коло на групата “А“ на “СЕХА Гаспром“ лигата против Металопластика во понеделникот, завршија активностите на РК Еурофарм Пелистер од Битола за есенската полусезона. Сите ракометари се на одмор, со исклучок на оние кои ќе бидат дел од националните репрезентации.
 
Клубот известува дека со подготовки за вториот дел од сезоната, екипата ќе започне на осми јануари во Битола. По Божиќните празници Бабиќ ќе прозива во спортската сала на медицинското училиште “Јован Калаузи“ во Битола, каде ракометарите ќе тренираат неполни две недели.
 
Централната фаза на подготовки е предвидена од 20 до 30 јануари 2021 година, а веројатно база на екипата ќе биде Хрватска. Клубот предвидува одигрување на неколку контролни натпревари, за кои дополнително ќе информира.
 
Првиот натпревар во новата сезона предвиден е за шести февруари, кога во рамките од второто коло на СЕХА Гаспром лигата, Еурофарм Пелистер ќе гостува кај ППД Загреб.
More from СпортMore posts in Спорт »