Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 5 позитивни на ковид-19, оздравени 21, починати две лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 700 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19 од кои во  Битола се 5.

Со овие денешни бројки во Битола до сега има 2.986 позитивни на ковид-19, а активни се 595 случаи.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 419 оздравени пациенти од кои во Битола се 21.

Починати се 11 лица, двајца пациенти Битола на 64 и 74 години во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81804, бројката на оздравени пациенти е 59650, на починати е 2456, а бројот на активни случаи изнесува 19698.