Спортските обложувалници “Евротип“ и “Голд Слот клубовите“ од Битола како општествено одговорни компании, се одлучија да помогнат онаму каде што во моментот тоа е можеби и најпотребно, во Клиничката болница во Битола.
Во регионалниот ковид центар лекарите секојдневно се борат против КОВИД-19, а на крајот на 2020 година која ќе остане запаметена како една од најтешките во историјата, “Евротип“ и “Голд Слот клубовите“ ја доставија донацијата. 
За потребите на болницата беа донирани флуксометри, и истите ќе бидат од голема корист во обезбедување на кислородна поддршка на пациентите во КОВИД центарот и веќе се ставени во употреба.
Новогодишните и Божиќните празници најмногу ги радуваат најмладите, па затоа, “Евротип“ и “Голд Слот“ се обидоа во овие тешки моменти барем накратко да ги израдуваат децата кои во моментот во детското одделение на битолската болница, дарувајќи им Новогодишни пакетчиња.






