Press "Enter" to skip to content

Завршији санацијата на потпорниот ѕид кај пумпната станица “Довлеџик“ во Битола

Со оваа интервенција, финансирана од Општина Битола во вредност од 3.365.000 денари или над 50.000 евра, се решават неколку долгогодишни проблеми.

Станува збор за регулација ка коритото на реката Драгор, кај пумпите кај населбата “Долвлеџик“ во Битола која поради нерегулираноста, при надоаѓањето на вода, вршеше поткопување на земјиштето, а со тоа и на дел од патот, при што се спречуваше пристапот до пумпната станица, со која се овозможува водоснабдувањето на градот.

При таквото одронување, дел од 10 киловолтниот кабел, потребен за снабдување на пумпната станица со електрична енергија остануваше во воздух, што беше потенцијална опасност за регулирање на водоснабдувањето на градот, но и за општата безбедност на. населението.

Исто така, во непосредна близина се наоѓа и компензациониот базен на ХМС Стрежево, до кој со овој зафат се овозможи оперативен и безбеден пристап.

Изведувач на градежните активности беше ЈКП „Водовод“.