Со сопствени средства, инвестиција од 6,5 милиони денари, “Стрежево“ – Битола успешната година ја заокружи со набавка на пет нови возила: три теренски возила, едно товарно моторно возило со носивост до 3.5 тона, едно товарно моторно возило со ладилник за транспорт на свежа риба и инвестиција во механичарската работилница.
Директорот Граматковски посочи дека модернизацијата на возниот парк на “Стрежево“ од Битола има важна, нераскинлива нишка со корисниците на нашите услуги и игра есенцијална улога за подобра мобилност на вработените, но и директна комуникација, првенствено со земјоделците на терен.
-Подобрената мобилизација со новите возила се очекува да го намали времетраењето на извршувањето на теренските активности, да одговори на барањата на водокорисниците и да ја зголеми директната комуникација со клиентите. Ваквиот потфат придонесува во подобрувањето на нашите услуги и ќе ја подобри перцепцијата во создавањето на едно развиено и конкурентно земјоделство, водостопанство, рибарство и аквакултура. Крајниот ефект ќе има придонес за ефикасна реализација на управувањето, заштитата и зачувување на водите и рибниот фонд со кои стопанисуваме, изјави директорот Методија Граматковски.

ЈП “Стрежево” – Битола со сопствени средства набави пет нови возила
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер преку “мајсторка“ до финале, МЗТ не е непобедлив, среда одлука
- Нови спортски терени во “Тодор Ангелевски“ во Горно Оризари
- Во рамки на УКЛО КОЛОРС меѓународен настан – колабораториум
- Земјоделското училиште “Кузман Шапкарев“ – Битола со интерактивен отворен ден “Агро-Фест
- КИЦ го објави јавниот повик за Битфест 2026





