Детската радост е непроценлива и незаменлива со ништо на светот, зар не, беше пораката која ја испратија ос Синдикатот на ФОД Битола и Народниот театар од Битола, при врачувањето на новогодишните пакетчиња на дечињата од детското одделение во болницата во Битола, кои лично им ги предата Дедо Мраз.
-Со цел да ја испратиме старата лоша година и да ја дочекаме новата со насмевски, синдикатот на ФОД – Битола во соработка со НУ Народен театар од Битола, повторно ја покажавме својата хуманост и измамивме насмевки од дечињата во детското одделение на Клиничката болница – Битола подарувајќи им новогодишни пакетчиња, беше речено денес на предавањето на донацијата.
НТБ и ФОД не го заборавија и медицинскиот персонал од ова одделение подарувајки им дезинфекциони средства, заштитни маски, скафандери за подобра заштита при работењето во новата година.

Синдикатот на ФОД Битола и Народен театар Битола со донација во детското одделение при Клиничка болница
More from ВестиMore posts in Вести »
- Трио „Интерарт“ со настап на фестивалот „Златна лира“
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 15 степени
- Македонската филхармонија го изведе “Музички код“ во Битола (фотогалерија)
- Антонио Јолевски назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола
- Нов претседател на КК Пелистер е Јован Кузмановски





