Press "Enter" to skip to content

Совети за самоодбрана: одбрана кога напаѓачот ве фаќа за рамена од назад

Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-центарот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад, кога напаѓачот ве напаѓа од назад, со примена на техника од реален аикидо.

Одбраната од напад од назад, кога напаѓачот од назад не фаќа за двете рамена, се состои од тоа што првиот чекор ние десната рака да ја поставиме под неговата лева пауза и со неа го фаќаме неговото десно рамо. Потоа се се наведнуваме на напред, а со десната нога силно замавнуваме на назада, во пределот на на левата нога на напаѓачот од внатрешната страна над коленото. Со примена на оваа техника напаѓачот на едноставен начин е совладан….

На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо, кои се снимени во поранешниот филмски град во Битола.