Press "Enter" to skip to content

“Битолски конзули“ со практична донација во Домот за доенчиња и мали деца во Битола (фото)

Спортското здружение на граѓани “Битолски конзули“ од Битола денес ја предаде донацијата на Домот за згрижување на доенчиња и мали деца од Битола, која се состои од учебници наменети за малите деца од предшколска возраст и деца со посебни потреби. Донацијата во име на членовите на ова здружение ја предадоа претседателот  Горан Кулевски и Кире Мантевски секретар-благајник.-Сите членови на “Битолски конзули“ од Битола се согласивме едногласно дека треба да донираме за овие дечиња, но веќе имаше донации од други во кои ги имаше новогодишните пакетчиња, па затоа се одлучивме во договор со директорката Елена Николовска да донираме книги чиј автор е нашата сограѓанка Марина Крстиќ, наменета за деца точно во оваа возраст, кои ќе им помогнат во нивниот развој и што поподготвени да бидат за школските предизвици, рече при доделувањето на донацијата претседатателот Горан Кулевски.

-Ова не ние прва донација на нашето здружение кое се занимава со спорт и ја промовираме Битола на спортските терени низ Балканот, преку играње фудбал. Се надевам дека во иднина кога ќе помине оваа пандемија и овие забрани наменети за заштита, посебно кај оваа категорија, ќе се дружиме со дечињата со други донации, рече Кире Мантевски.Директорката на Домот за доенчиња и мали деца во Битола, Елена Николовска, изрази благодарност за донацијата, а оваа книга имале намера да ја набават за децата, а на донаторите по разговорот во кој им го претстави домот им додели благодарница за хуманиот гест.

С.Р.

More from БитолаMore posts in Битола »