Press "Enter" to skip to content

Правната клиника на правниот факултет во Битола подготви и подели празнична донација (фото)

-Нова година и Божиќ се само денови кога повеќе се размрдуваат емоциите на луѓето и ги тераат да размислуваат дека треба да им се помогне на немоќните. Затоа, ние како Правна клиника на правниот факултет во Битола се потрудивме, со сите сили, да ја активираме хуманоста и да докажеме дека и во време на ковид, таа не е ретка птица која лета во рамките на напатеноста, истакнуваат сите кои беа вклучени во реализација на празничната донација.Започнаа со мала скромна идеја, со фокус на само неколку деца кои се наоѓаат во состојба здравствен и социјален ризик, но ефектот кој го постигнаа е повеќе од успех.-Животот во овие тешки времиња, очигледно го разбуди човекот во нас и не направи пресреќни и нас како организатори и сите дечиња на кои празниците им ги направивме поубави, повесели и со надеж за подобро утре, додаваат тие.Акцијата опфати и израдува деца од ученици од Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот – Кочо Рацин во Битола, кои меѓу другото доаѓаат од семејства кои се наоѓаат во тежок социјален ризик, донација за 51 дете- ученици од Заводот кои наставата ја следат со физичко присуство, донација за самиот Завод, донација за 35 деца- на возраст од 3-7 години, штитеници на здружението “СУМНАЛ“, донација за 14 деца- штитеници на здружението “РИЛУКА“.Правната клиника на беше сама во оваа акција, а ја помогнаа и студентите од Правниот факултет, компании и  бројни добронамерници.