Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола променливо облачно со сончеви периоди и натпросечно топло

Денес, среда, 30 декември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролшки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и натпросечно топло. Ќе дува умерен до засилен јужен и југоисточен ветер. Температурата во Битола до 14°С.

Утре, четврток, 31 декември во Битола времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Температурата во Битола до 11°С.