
-Новата година е период кога започнуваме со нова календарска година, со многу нови планови, со многу идеи, со желби за здравје, среќа, љубов, па во таа насока како прво сакам на сите мои сограѓани оц Битола да им посакам сите желби да им се остварат, е честитката на Димче Миновски, хроничар на Битола, доајен на битолското новинарство, кој веднаш започна со сеќавања каков бил стартот во 2011 година, пред 10 години.
-По дочекот на Новата година на плоштадот “Магнолија“ 2011 година започна со раѓање на женско дете или како ние во Битола велиме чупе, соопшти гиникологот д-р Чипуровска, за што старите велат ќе имаме плодна година, раскажува Миновски, кој додава:
-Тие денови беа многу убави денови, расположени насекаде, полни кафеани, локали, коктели, многу забава, дружење.
Како и многу пати дотогаш хотелот “Епинал“ во Битола, беше центар на организираните дружење, а тука многу многу компании имаа свои новогодишни забави, а порсоналот на хотелот и Градската кафеана се изнаработи тие денови.
Но, не беше се како велиме мед и млеко на стартот на на новата 2011 година.
-Само по два дена, односно на 3 јанаури, како имам забележано во мојот новинарски бележник, се случија и протестите на тутунарите, кои го блокираа граничниот премин “Меџитлија“ на македонско-грчата граница, а таму покрај многуте тутунари имаше и многу полиција, вели Миновски.
По некој ден протести имаше и пред зградата на СДСМ во Битола, потоа прес-конференции, реакции, нови обвинувања…
-Потоа започнаа Божикните празници, а како централна свеченост беше палењето на големиот коледарски оган на плоштадот “Гоце Делчев“, каде имаше забава и храна за сите.
Голениот коледаски оган во кој имаше неколку неколку кубни метри дрва се запали со голема огнена топка, која беше пуштена од покривот на Домот на културата, вели Миновски, кој за крај на оваа сеќавања за тоа како почна новата 2011 година додаде:
-Тогаш, за разлика од денес немаше многу донации за установите и нивните штитеници, а во јануари 2011 година компанијата “Телекабел“ од Штип, со нивната испостава во Битола имаа две значајни донации.
Тие на Болницата во Битола и подарија телевизори и кабелска телевизиска мрежа низ одделенијата, а има донација и во Домот за доенчиња и мали деца каде и порадија апарати кои им беа неопходни.






