За неколку дена на 8 јанаури во Битола е закажана првата прозивна на дудбалерите на Пелистер од Битола кохга ќе стартуваат со зимските подготовки кој ќе ги води новиназначениот тренер Димитар Капинковски.
Капинковски ги направи планот за зимските подготовки кој ќе бидат во две фази, во Битола и веројатно крај Охридското езеро.
Во првите две недели пелистерци ќе тренираат во Битола, а потоа планирани се подготовки во Охрид или Струга од 25 јануари до 3 февруари, а во планот се и пријателски натпревари:
26 јануари: Пелистер – Струга Трим Љум
28 јануари: Пелистер – Јагодина
30 јануари: Пелистер – Охрид
3 февруари: Пелистер – Работнички
Екипата на Капинковски ќе одигра и еден натпревар во Битола пред заминување на подготовки, а генералната проба за првото пролетно коло и „вечното дерби“ против Вардар е закажана за седми февруари, а противник веројатно ќе биде Тиквеш.
“Пелистерци“ оваа зима се посилни за Размоски (Беласица) и Илијовски (Тиквеш), а им се заблагодарија на Фазлиу, Стојановски, Хот и Кордоба.






