По вчерашните убави вести од Австрија, од градот Тирол, каде се одржува Светското првенество У-23 вечерва повторно идентични вести.
Повторно сребрени медали од Светското првенство во Австрија, овој пат во дисциплината “ТАНДЕМ жени“.
Битолските чупиња Стефанија Алексовска и Андреа Велјановска денес се надминаа самите и изиграа во клучни мигови врвно, вистински врвно со исклучителна ментална моќ да одолеат на притисокот, токму она што ни фалеше минатите години.
-Добиените дуели со најдобрите кугларки од Хрватска, Полска во втора фаза, Чешка во 1/4 финале, Романија во 1/2 финале, говорат многу, а во финалето против Словачка немавме сили да бидеме и први. Не само што сум горд туку дефинитивно со овој спортски подвиг напишавме историја. Честитки и пак ќе речам Светското трае до утре, не е завршено, ни рече по вибер комуникација Игор Михајловски, селектор на македонската женска селекција до 23 години.

Уште две светски сребра доаѓаат во Битола – од Австрија ги носат Стефанија и Андреа (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Се одржа општинскиот натпревар во стрелаштво (фото)
- Пелистер со реми против Кожув во Гевгелија
- Самостојна изложба на Дијана Колонџоска од Битола – “Сонувани хоризонти“ (фотогалерија)
- Граѓани платиле за паркинг кога беше бесплатно, “Паркинзи“ парите ќе ги насочи за хуманитарни цели
- СВР Битола: 53 годишник од Мусинци возел трактор со 2.92 промили алкохол и без возачка, битолаченец “ауди“ со 1.60 промили алкохол во крвта
More from СпортMore posts in Спорт »
- Се одржа општинскиот натпревар во стрелаштво (фото)
- Пелистер со реми против Кожув во Гевгелија
- КК Пелистер ги отвора вратите за основците и средношколците
- Влатко Трајчески победник на традиционалниот кугларски турнир во Битола
- 68. по ред ноќна атлетска трка по Широк Сокак во Битола со повеќе од 600 учесници (мега фотогалерија)








