Денес после првата прозивка на стадионот под Тумбекафе во Битола, екипата на Пелистер од Битола ги започна подготовките за пролетниот дел, со една амбиција и план како да опстанат во Првата фудбалска лига.
Подготовките стартуваа во Битола под водство на новоназначениот тренер Димитар Капинковски, на која овие подготовки му се “огнено кршевање“ како прв човек на стручниот штаб, заесно со своите помошници, кој за планот за подготовки ни рече:
-Екипата ќе тренира во Битола во следните две недели, а потоа веројатно ќе замине на подготовки во Струга од 25 јануари. Денес на стартот ќе ги направиме потребните тестови на сите фудбалери, утре и в недела ќе работиме по еден тренинг дневно, а од понеделник стартуваме со по два тренинзи, која за очекувњата за пролетниот дел додаде:
-Пролетниот дел сигурно ќе биде многу тежок, па затоа ќе траба многу да се вложиме, да се подготвиме прво подобро да го започнеме пролетниот дел, а потоа и да стигнеме до целта на клубот, опстанок во Првата лига.
-Имаме млада екипа која со добри подготовки можеме да се консилидираме, секако со уште 2 или 3 засилувања во стедната и офанзивната линија, и во вториот дел од пролетниот дел да бидеме сериозна екипа. Во есента фудбалерите беа поа под резултатски притисок, но по двете победи на крајот на есенскиот дел мотивот е поголем и фудбалерите веќе знаат дека можат да постигнуваат добри резултати и дека вредат, вели Капинковски.
Пелистерци денес гои претставија двете засилувања во имињата на Размоски и Илијовски, за што Капинковски рече:
-Илиовски е повратник во Пелистер и познат во Битола, а Размовски се наметка со натпреварите во Беласица и ќе биде освежување во офанзивниот дел на екипата. Напаѓачите ја прават разликата во играта и би сакал во тимот да имам напаѓач кој постигне 7-8 голови и тоа би било олеснување за целата екипа и ќе ја материјализира играта. Ако успееме да најдеме таков напаѓач ќе имаме полесна работа во следните шест месеци.
Битолчани презимија на десеттото место со 18 бода, а првиот пролетен натпревар ќе го одиграат против Вардар на 14 февруари.

Фудбалерите на Пелистер стартуваа во Битола со подготовките за борбата за опстанок (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Македонија поразена од Азербејџан во Битола ги заврши квалификациите за СП (фото)
- “Трчај бе“ донираше спортски реквизити за битолските основни училишта
- Нови титули, нови победи, АК Олимп од Битола продолжува со успесите во оваа сезона
- Во Новаци започна 14. еморијален турнир во мал фудбал “Пеце Матичевски“
- Во Битола свечено отворено Балканското првенство во џудо до 14 години (фотогалерија)





