Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: Гоце Христов ја заврши фудбалската кариера

Иако, релативно млад, но поради повреди кои ги заработи во фудбалската кариера, во Битола, Гоце Христов пред 10 години ја заврши фудбалската кариера, која според мене е една од ретките успешни кариери на фудбалери од школата на Пелистер, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Инаку, како вели Миновски, на кој “основна дејност“ му беше спортското новинарство вели дека посебно го цени Христов кој својата фудбалска кариера ја започна во раните 90-ти години, кога блесна големиот талент.-Ѓорѓи Христов започна во школата на фудбалот на Пелистер, се издвојуваше од своите врсници со извонредниот талент за фудбал и способноста да постигнува голови, а тоа неизбежно најавуваше една успешна фудбалска кариера, вели Миновски, читајќи од своите новинарски белешки.Ѓорѓи Христов, на 34-годишна возраст, без многу помпезност се збогува со активното играње фудбал, но ќе остане запаметен како еден од најпочитуваните фудбалери на македонскиот фудбал по 16, 17 години играње фудбал низ осум различни европски
лиги и единаесет клубови на белградски Партизан, беше првиот Македонец во англиската Премиер лига во Барнсли, играше во Холандија, во Шкотска, Израел, Азербејџан, а заврши во Финска.-И ден денес имам многу убави спомени поврзани со почетоците во мојот матичен клуб Пелистер во Битола, а убави спомени ме врзуваат и за Партизан. Фактот што бев првиот Македонец кој заигра во Премиер лигата, и петте години одиграни во Холандија, особено ме прават среќен и горд, постигнував решавачки голови, играв бараж натпревари, испаѓав од лига, се повредував, повторно се враќав во форма, имав операции, постигнав буквално се што можеше да се постигне, вели Гоце за својата професионална кариера, а за нему најдрагиот гол пред 10 години тој ќе рече:-Не можам да кажам кој ми е најдраг гол. Немам некој посебно во сеќавање. Во оваа прилика би ги спомнал моите први голови во Партизан и головите постигнати во Скопје на Градски, во дресот на Македонија, кога заедно со мене се радуваа сите кои беа таму.Една деценија Христов беше незаменлив и во репрезентацијата на Македонија во периодот од 1995 до 2005 година, а беше и на врвот на листата со најмногу постигнати голови. Играше 10 години, имав 48 настапи, постигнав 17 голови. По завршувањето на фудбалската кариера оформи во Битола пионерска школа за фудбал, но за жал неговите амбиции на тој план не поминаа како тој посакуваше, и покрај одличниот старт.

More from БитолаMore posts in Битола »