Press "Enter" to skip to content

Општина Битола со известување за достава на барања за надомест на штета

После силните врнежи од дожд и невремето кое ја зафати Битола на 09 и 10 јануари 2021 година, се повикуваат жителите на Општина Битола кои претрпеле штета, да поднесат барање за надомест на штета на шалтерите во Општина Битола.

Во прилог на барањето потребно е да се достави:

-имотен лист/доказ за сопственост,

-копија од лична карта и

-број на трансакциска сметка.

Врз основа на доставените барања, комисија од Општина Битола, ќе врши проценка на штетите на терен.

Барањата можат да се доставуваат од вторник 12.01.2021 до 20.01.2021 од 09.00 до 15.00 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »