Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2, ракометари, тренери и менаџмент донираа дел од премијата на Домот за мали деца (фото)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2, стручниот штаб и менаџментот на клубот со хуман гест ги израдуваа децата без родители во Домот за згрижување на доенчиња и мали деца. Имено, ракометарите донираа дел од премијата за пласман во плеј-офот на Суперлигата, како и производи од компанијата “Еурофарм“, неопходни за најмладите.

Во името на клубот и оваа хумана иницијатива подароците ги донираа капитенот Васко Димитровски, Филип Ивановски, Стефан Талевски и Иван Димитровски. Капитенот Васко Димитровски објасни како се роди оваа идеја:

-На иницијатива на ракометарите и стручниот штаб се одлучивме на ваков хуман гест. На овие деца им се неопходни овие подароци, производи и нашата грижа. Затоа повикувам и другите да го следат нашиот пример.Директорката на оваа установа Елена Николовски на клубот од Битола и додели благодарница, а на ракометарите им објасни во каква специфична установа донираат, а освн тука дечиља има и во пет мали групни домови во Битола.

Овој хуман гест е за поздравување и со сигурност нема да биде последен на ракометното семејство Еурофарм Пелистер.

More from БитолаMore posts in Битола »