Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: битолчанка добила закани од својот малолетен внук

На 13.01.2021 во 13.00 часот во СВР Битола, 35 годишна жена од Битола пријавила дека во 12.30 часот нејзиниот 17-годишен внук со остар предмет оштетил прозорци од куќата и упатил закани кон неа.

Тој бил спречен во намерата од полициски службеници кои пристигнале на местото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.