Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола претпладне ведро и студено, попладне врнежи од снег

Денес, четврток, 14 јануари, во Битола, според прогнозата на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде утрото ведро и студено, а потоа претежно облачно и студено, попладне и во вечерните часови ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претпладне од јужен, а попладне од северозападен правец. Температурата во Битола до 2°С.

Утре, петок, 15 јануари, во Битола времето ќе биде променливо облачно и студено, во текот на денот со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до -2°С.