Екипите на ЈКП “Нискоградба“ од Битола вечерва се на терен каде веќе работат на расчистување на снегот од улиците во Битола и околината, информираат од таму.
-Механизација на КЈП “Нискоградба“ од Битола активна на терен во расчистување на снегот. Дежурните екипи во текот на цела ноќ ќе вршат посолување со сол и ризла и расчистување на коловозите во градот и околината на Битола, информираат од ЈКП “Нискоградба“.
КЈП “Нискоградба“ од Битола апелира до граѓаните на Битола да ги отстранат своите возила од коловозите за да можат дежурните екипи непречено да вршат расчистување на снегот особено во Брусничко-Лавчанскиот дел од градот.

“Нискоградба“ Битола: паркираните возила да се тргнат бидејќи пречат во чистењето на улиците
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола се одржа манифестацијата посветена на руралната жена
- Општина Битола дел од регионалниот форум на граѓански организации за праведна транзиција
- Во Битола одбележан меѓународниот ден на белиот стап (фото)
- СВР Битола: битолчанец возел камион иако имал забрана за управување
- Трио „Интерарт“ со настап на фестивалот „Златна лира“





