Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола оздравени 80 и само 4 нови позитивни на ковид-19, активни 290 случаи

Според министерството за здравство во последните 24 часа се направени 2.176 тестирања, а регистрирани се 361 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола бележиме 4 нови позитивни на ковид-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 2.116 оздравени пациенти од кои во  Битола се 80.

Со овие бројки во Битола вкупно имамеаме 3.166 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 290 случаи.

ЦЈЗ Битола се направени 77 ковид тестови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88749, бројката на оздравени пациенти е 71592, на починати е 2696, а бројот на активни случаи изнесува 14461.

More from БитолаMore posts in Битола »