Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево со мала до умерена облачност и студено

Денес, недела, 17 јануари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Во текот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура во Битола ќе биде -6°С.

Утре, понеделник, 18 јануари, во Битола времето ќе биде сончево и студено. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура во Битола ќе биде -6°С, а мималната -13°С.