Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: деветнаесетгодишниот Никола Свенчев го “фати“ крстот за Водици во 2011 во Битола (фотогалерија)

-Во време-невреме, кога станува збор за пандемијата поради ковид-19, кога ги немаме сите собири во Битола, без разлика дали во сала или стадион, на кино, во центарот за култура, на плоштад, ги немаме ни собирањата поради верски празници, ни останува само да се потсетиме како било порано, односно во нашиот случај, за Водици, во 2011 година, во Битола, на централната свеченост, во црквата “Св. Димитрија“ во Битола, односно деновиве пред 10 години, започна со своите сеќавања, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, кој продолжи:-Деветнаесетгодишниот битолчанец Никола Свенчев беше среќникот кој меѓу дваесеттемина верници успеа да го фати осветениот богојавленски крст на централната прослава во Битола по повод големиот христијански празник Водици.

ворот на црквата “Св. Димитрија“ беше претесен да ги собери големиот број православни верници на “фрлањето“ на осветениот крст на најголемиот христијански празник Богојавление Христово, а со централната манифестација и годинава чиноначалствуваше Митрополитот Петар, кој претходно одржа и богојавленската литургија.Среќата во 2011 година да го фати осветениот крст беше на страната на младиот Свенчев, голем верник, кој, како тогаш рече ова му било првпат да “скокнал“ по крстот за кој се верува дека му носи здравје, среќа и благосостојба на оној кој ќе успее да го фати, а среќата ја подели со сите битилчани каде и да се.Како по обичај, среќникот кој го извади крстот од осветената вода беше даруван од Црквата, но и од Општината Битола и градоначалникот Владимир Талески.

More from БитолаMore posts in Битола »