Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево и студено, “минус“ во текот на целиот ден

Денес, понеделник, 18 јануари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и студено, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максимална температура во Битола до -4°С. 

Утре, вторник, 19 јануари, во Битола, времето ќе биде сончево со мала локална облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максимална температура во Битола до -4°С.