Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола мали бројки, еден позитивен на ковид-19 и четири оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 529 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи од кои во Битола само еден позитивен на корона вирус.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти од кои во  Битола се 4. 

Вкупно во Битола се сега се регистрирани 3.167 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 254 случаи.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88.992, бројката на оздравени пациенти е 73.777, на починати е 2.715, а бројот на активни случаи изнесува 12.500.

More from ВестиMore posts in Вести »