Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: во Битола украден ранец предмети од голф и напад на лице на “Илинденска“

На 18.01.2021 во 15.30 часот во Полициската станица Битола, М.П. од Битола пријавил дека непознат сторител од неговото возило „фолксваген голф“ одзел ранец и лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 19.01.2021 во 01.00 часот во СВР Битола, Ѓ.О. (26) од Битола пријавил дека на ул.„Илинденска“ во Битола три лица физички го нападнале и му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.