Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево и студено, утрово -14 степени

Денес, вторник, 19 јануари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата во Битола до -2, а минималната беше -14°С.

Утре, среда, 20 јануари во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Температурата во Битола до -2°С.