Честа да го извади крстот од осветената вода на крстилницата во црквата “Св. Недела во Битола, со почитување на ковид мерките ја имаше младиот битолчанец, 18 годишниот Михаил Милевски од Битола, кој заедно со уште десетина момчиња скокнаа во замрзнатата вода на крстилницата во која третходно мразот беше искршен, а температурата беше -10 степени.
-Трет пат скокам по светиот кртс во крстилницата во црквата “Св. Недела“ во Битола и по прв пат го извадив крстот. Многу сум среќен поради тоа што го извадив светиот крст од водите на крстилницата и се надевам дека оваа година ќе ми донесе среќа мене, на моето семејство и на сите жители на Битола, рече по излегувањето од крстилницата, премрзнатиот Михаил Милевски.
Од отецот Стефан, која ја водеше службата, за подарок, младиот Михаил доби Света икона, на која е насликано Христовото крштевање во реката Јордан.
Црквата и дворот на црквата “Св. Димитрија“ беа скоро празни, за оваа прослава на Богојавление – Водици, а малкумината кои присуствуваат на фрлањето на осветениот крст одржуваа дистанца и носеа маски.
Со службата чиноначалствуваше Отец Стефан заедно со намесници од црквата “Св. Недела“ во Битола, кој прво ја освети водата во крстилницата во дворот на Црквата, а потоа во него скокнаа десетина верници.
Претходно се одржа свечена богојавленска литургија внатре во црквата.Со осветувањето на водите завршија некрстените денови кои започнаа со христовото раѓање на Божик.
Според народните верувања, ако времето е многу ладно и има “стегнато“ студот, годината ќе биде здрава, а така беше денес на Богојавление, во Битола, на мраз и на -10 степени,
Текст и фото: С.Ристевски
[ngg src=”galleries” ids=”647″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






