Во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19, а во Битола нема нови позитивни на ковид-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.023 оздравени пациенти од кои од Битола се 34.
Досега во земјата се направени вкупно 435.361 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89463, бројката на оздравени пациенти е 74800, на починати е 2739, а бројот на активни случаи изнесува 11924.






