Press "Enter" to skip to content

Од денеска рестораните и кафулињата со продолжено работно време до 21 часот

Денес, престанува да важи рестриктивната мерка за угостителите. Тие ќе може повторно да работат до 21 часот, но, дали ќе има продолжување за уште два часа, до 23:00, како што бараат, ќе се знае идната недела.

Оваа одлука Владата ја донесе и со неа се укинува одлуката за ограничување на работното време на рестораните и другите угостителски објекти за работа до 18:00 часот што стапи во сила на 18 декември 2020 година.